Каролина и 2Бона ќе пеат на МАС музичките награди

Каролина и 2Бона ќе пеат на МАС музичките награди

пред 1 година

Поп- пејачката Каролина Гочева и македонска трап, хип-хоп, ар-ен-би и регетон-група, 2Бона ќе настапат на најголемиот регионален музички настан, МАС музичките награди.

Засега само овие две македонски музички имиња го имаат потврдено нивното присуство, додека од регионот ќе присутвуваат Констракта и Земља грува, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ, Петар Грашо, Сара Јо, Тончи Хуљиќ и други.

Музичкото шоу ќе се одржи на 25 и 26 јануари во Старк Арена, во Белград. Публиката освен што ќе ужива во повеќечасовниот спектакл во двата дена, ќе има можност првпат да ги слушне новите песни на најголемите музички ѕвезди.

Една од првите премиери што ќе се случи на MAC е претставувањето на две нови песни на Сара Јо, една од најпопуларните поп пејачки на овие простори, која ќе настапи на настанот на 26 јануари. На овогодинешните музички награди таа е номинирана во 4 категории.

 

Share
Scroll to Top