Каролина ќе настапи на Културно лето во Карпош

Каролина ќе настапи на Културно лето во Карпош

пред 3 години

Поп-пејачката Каролина Гочева на 27 август ќе настапи на Културно лето во Скопје. Таа ќе пее пред платото на „Млечен“ во Карпош.

„После две години, првиот настап на Каролина Гочева на отворена сцена ќе биде во Карпош“, напиша градоначалникот на Стефан Богоев.

Публиката ќе може да ужива во нејзините песни од албумите „Македонско девојче 1 и 2″, „Извор” и дел од нејзините најпопуларни поп-песни.

Манифестацијата „Културно лето Карпош“, годинава ќе се одржи на две локации: На плоштадот „Делфина“ во Влае (26.08) и платото на „Млечен“ (27 и 28.08). Ќе има музика за сите генерации и за младите и повозрасните. Деновиве ќе бидат објавени и останатите изведувачи.

Share
Scroll to Top