Касиљас рече дека му го хакирале профилот по објавата на „Твитер“ дека е геј

Касиљас рече дека му го хакирале профилот по објавата на „Твитер“ дека е геј

пред 4 години

Икер Касиљас рече дека неговиот профил на „Твитер“ бил хакиран по објавата дека е геј, пренесе „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

„Се надевам дека ќе ме почитуваат: јас сум геј“, гласеше твитот од неговиот профил во неделата наутро, еден ден откако шпанските медиуми објавија дека поранешниот голман на Реал Мадрид и Шпанија е во врска со локална актерка.

Твитот брзо потоа беше избришан, а потоа следеше објаснувањето.

„Хакирана сметка. За среќа сè е во ред. Се извинувам на сите мои следбеници. И секако, повеќе извинување до ЛГБТ заедницата“.

На оригиналната објава на Касиљас одговори неговиот поранешен колега од репрезентацијата на Шпанија, Карлес Пујол, што имплицираше дека двајцата се во врска. Пујол не негираше дека неговиот профил бил хакиран и наместо тоа им се извини за несмасната шега и рече дека немал лоши намери.

„Разбирам дека можеби ја повредив чувствителноста кај ЛГБТ заедницата. Ја имаат сета моја почит и поддршка LGTBIQA+“, рече Пујол.

Јас сум геј и се надевам дека ќе ме почитувате, напиша Касиљас на „Твитер“

Share
Scroll to Top