Квентин Тарантино: На есен ќе го снимам мојот последен филм

Квентин Тарантино: На есен ќе го снимам мојот последен филм

пред 2 години





Култниот американски режисер Квентин Тарантино рече дека на есен ќе го сними својот десетти и последен филм во неговата кариера. Додаде и дека веќе завршил со сценариото.

„Треба да се случи на есен. Сите гласини кои се шират за овој филм се сасмо претпоставки. Името на филмот е The Movi Critic и го отсликува времето во 1977 година“, рече Тарантино и додаде дека филмот не е посветен на новинарот и филмски критичар Полин Кејл и дека не е нејзин биографски филм, како што некои од медиумите објавија.

Тој веќе ѝ оддаде почит на американската кинематографија од доцните 60-ти и раните 70-ти во неговиот најнов и деветти филм од 2019 година, „Беше еднаш во Холивуд“.

Тарантино постојано повторува дека сака да ја заврши кариерата откако ќе сними десет филмови, сметајќи ги двата „Убиј го Бил“ како еден, што само дополнително ги подгреа очекувањата на неговите обожаватели за новиот филм.





Share
Scroll to Top