Квентин Тарантино стана писател, познатиот режисер пишува две книги

Квентин Тарантино стана писател, познатиот режисер пишува две книги

пред 4 години

Познатиот режисер Квентин Тарантино потпишал договор со издавачката куќа HarperCollins за да издаде две книги. Првата ќе биде насловена Once Upon a Time in Hollywood, базирана на неговиот популарен филм, а втората Cinema Speculation.

Once Upon a Time in Hollywood ќе биде објавена во летото 2021 година, прво со мек повез и дигитална верзија додека на есен ќе се појави и верзија со тврд повез.

„Со гордост ја објавувам Once Upon a Time in Hollywood, мој допринос за овој често маргинализиран, но сакан книжевен поджанр“, рекол Тарантино и за „Дедлајн“ додал дека на тој начин дополнително ќе ги истражи ликовите што ги создал во филмот.

Втората книгата, Сinema Speculation, ќе се фокусира на филмовите од седумдесеттите години, а ќе се состои од есеи, рецензии и „што ако“ текстови.

Share
Scroll to Top