Кејти Пери на Инстаграм откри дека таа и нејзиниот вереник Орландо Блум се осмелиле да скокнат од хеликоптер. Освен што објави фотографии и видео, таа допре многу срца со емотивен цитат во кој ја опишува нивната љубов.
„Како ѕвезди на небото, јас и ти ќе се најдеме во секој живот“, напиша пејачката во описот на објавата. Таа за помалку од 24 часа собра повеќе од 1,5 милиони лајкови.
„Ова е љубов, преслатки сте“, „Уживај“, „Ова е целта на секоја врска, изгледаат толку среќни“, беа само дел од коментарите. „Одлично е кога си богат“, се пошегува еден обожавател.
На нивната објава се огласи и поранешната сопруга на познатиот актер Миранда Кер, со која го има синот Флин. Таа стави неколку срциња и доби многу лајкови.