„Доаѓаше кај мене и разговаравме како му поминал денот“, рече директорот и додаде дека со Вилфрид отсекогаш биле строги со М’бапе, затоа што сакале да созрее како маж. Му говореле дека треба да истрае до крај без разлика што носи иднината.
„Сакав да се запише на париската бизнис школа НЕЦ. Кога го воспитував не знаев дека ќе стане фудбалер“, рече Фајза и додаде дека во петто одделение му дала дневник за однесување.
Кога бил немирен строго го казнувала. Еднаш затоа што му се потсмевал на еден од врсниците за јакната го натерала да носи стари искинати фармерки и патики кои биле во мода пред 20 години.
„Со попустливи родители, тој не би бил таму каде што е сега“, рече директорот.
М’бапе почнал да посетува и музичко школо во Бонди каде поминал пет години од 8 до 13. Учел да свири на ударни инструменти, пеење и да свири на флејта. Сепак фудбалот му бил најголемата љубов.
Фајза често одела на натпреварите и разговарала со тренерите за да се увери дека се развива во права насока. Во шесто одделение сакал да го напушти школото за да стане фудбалер.
Две години подоцна стигнал до Клерфонтен, најдобрата академија во цела Франција. Таму се калат најдобрите фудбалски бисери од цела земја. Но и покрај фудбалот, Фејза не дозволила син ѝ да го напушти школото. Го земала за викенди за да може да надомести за пропуштеното на часовите.
На 17 години кога станал професионалец, му давала по 200 евра за џепарлак иако платата месечна му била 85.000 евра. Кога играл за академијата на Монако, го терала самиот да си ги чисти копачките. Многу од соиграчите му се потсмевале затоа што немал возачка, па морал со мајка му да доаѓа.
Покрај Фејза и татко му на М’бале бил учесник во преговорите со некои од клубовите. Така на пример Вилфрид поставил услови од типот син му да има гарантирано место во првиот тим. Барал и место 300.000, бонуси од три милиони евра.
Фајза за М’бапе има само пофални зборови и рече дека син ѝ не бил разгален. Како пример за тоа го навела неговиот роденден кога на масата имало лосос, фуа-гра и скапоцени пијалаци, но Килијан секогаш барал обична секојдневна храна.
Тој е многу близок со мајка му. Рече дека му купувала облека и му ги проценувала девојките. Му кажувала и како да се шиша. Еднаш сакал фризура на Зидан, но не му дозволила.
„И раскажувам сè дури и за моите девојки. Она се знае. Она ми е другар. Имаме ист вкус. Таа ми фотографира облека и ми праќа. Често купува без да ме праша и не греши. Имаме права врска“, рече М’бапе, кој додаде дека со татко му зборувал само за фудбал, додека со мајка му можел за сè и сешто.
Татко му барал дозвола да може да доаѓа на тренинзите на ПСЖ и да организира индивидуални тренинзи за син му под надзор на клубот. Исто така барал и клубот да плати за реконструкција на стадионот „Бонди“, неговиот и поранешен клуб на М’бапе.