Кина се подготвува за најголемата вселенска мисија на Месечината

Кина се подготвува за најголемата вселенска мисија на Месечината

пред 5 месеци

Кина се подготвува за лансирање на својата најважна вселенска мисија изведена досега, а целта е да донесат материјали од Месечината на Земјата. Тоа ќе се случи за првпат по неколку децении, некаков материјал од Месечината да биде донесен на нашата планета, пренесуваат медиумите.

Ракетата Chang’e 5 е поставена на лансираната рампа во вселенската база „Венчанг“, нејзиното планирано полетување кон Месечината е закажано за почетокот на следната недела. Ракетата ќе носи лунарен модул со електрична дупчалка, која по слетувањето ќе направи дупка од два метри.

Потоа ќе следи процесот на собирање на камења и други материјали, кои потоа ќе бидат донесени на Земјата. Кинеските научници, на тој начин ќе можат да ги проучуваат новособраните материјали од Месечината за првпат, откако тоа го направиле Американците и Русите во периодот од 1960 и 1970 години.

Оваа мисија е една од најамбициозните досега за Кина, чија вселенска програма продолжува со забрзани чекори, со цел да ја стигне конкуренцијата. Кина во 2003 година, стана третата нација во светот која испрати човек во вселената, по Русија и Кина.

Тие забрзано работат и на соработка со други земји во вселенски мисии, иако американскиот закон и понатаму ги спречува да работат со НАСА агенцијата. Ова во суштина значи дека не можат да влезат ни во партнерство со другите земји, на Меѓународната вселенска станица.

Тоа ја натера Кина да почне со работа на создавање на сопствени вселенски станици, како и да покрене свои програми, а кои се во конкуренција со Индија и Јапознија, кога станува збор за новите вселенски достигнувања.

 

Share

AnimeFreak animefreak avatar: Fairy Tail (Dub) (https://animefreak.ws/m/abqA) Episode 175

ANIMEFLIX animeflix app ios: Banana Fish (https://animeflix.nl/m/gyXv) Episode 24

Scroll to Top