Состојка:
За тестото:
– 600 гр пире од компири
– 2 лажици путер
– 1 јајце
– 200 гр брашно
Полнење:
–чоколадни коцки или чоколаден намаз
Дополнително:
– трошки од леб
Подготовка:
Подгответе пире од компири. Во пирето додадете едно јајце, две лажици растопен путер и брашно, па направете компактно тесто.
Тестото треба да биде меко и не треба да го виткате.
Со лажица се зема тестото, се распоредува на дланка и се додава една коцка чоколадо или една лажичка чоколаден намаз. Направете топка.
Внимателно додадете ги кнедлите во зовриената солена вода. Штом испливаат на површината, извадете ги од водата.
На малку маснотии пропржете ги лебните трошки додека не добијат мирис и златна боја.
Кнедлите виткајте ги во презла и послужете.