Кои автомобили можат најдолго да возат со резерва гориво

Кои автомобили можат најдолго да возат со резерва гориво

пред 4 месеци

Редакцијата на веб-страната Compare The Market открива кои автомобили можат најдолго да возат додека се на резерва со горивото.

Биле тестирани 96 модели од 26 различни произведувачи на автомобили. Од тимот на Compare The Market направиле, финална листа од пет најдобри и најлоши брендови.

За автомобилите од брендот „Киа“, велат дека не се сигурни колку овој автомобил може да вози додека е на резерва со горивото. Во просек, возилата на овој производител можат да извозат 74.1 км на резерва, а најнизок просек има моделот „Пиканто“ кој може да извози само 51.7 км.

За возилата „Мицубиши“ треба да сте претпазливи доколку возите на резерва со автомобилите на овој јапонски бренд. Нивните модели во просек можат да поминат 71.6 км.

„Порше“ – Ако управувате со 911, многу лесно може да бидете најбрзиот возач на патот, но ако се вклучи сијаличката, најдевајте се дека во близина имате бензинска пумпа. Просекот на оваа марка на автомобили е 70.2 км.

„Фијат“ – Со оглед на тоа што овој автомобил е наменет за работничката класа, природно е да се очекува од италијанскиот гигант да биде на листата на возила кои имаат најголем потенцијал за возење на резерва. Меѓутоа, тоа е далеку од вистина бидејќи автомобилите на FIAT во просек можат да извозат само 66.7 км. Просекот е толку низок благодарение на популарниот урбан модел 500 чиј опсег изнесува само 59.7 км.

„Мини“ – Ако често ви се пали сијаличката за резерва, последниот автомобил што сакате да го имате е „Мини“. Со популарниот англиски автомобил би можеле да извозите само 60.38 км. на резерва.

За петте најдобри автомобили кои можат најдолго да возат со резерва гориво, тимот на Compare The Market ги одбра:

„БМВ“ – На топ 5 листата се наоѓа популарната марка од Баварија чиишто возила во просек можат да извозат дури 87.3 км. на резерва. Шампионот во рамките на куќата е популарната Серија 5 со 110 км.

„Фолксваген“ – На четвртото место е гигантот од Волфсбург со просек од 87.6 км. Најдобри резултати има Passat кој може да извози дури 120 км.

„Лексус“ – Третото место на подиумот е резервиварно за подбрендот на Тојота, популарниот Lexus. Моделот RX може да покрие дури 88.4 км. само со гориво на резерва.

„Форд“ – Вицешампион во помината километража кога станува збор за возење на резерва. Со автомобилите на Форд можете да поминете околу 88.4 км. возејќи на резерва, а најсигурен модел е Mondeo со опсег од 112 километри.

„Волво“ – Ако барате автомобил со кој најмалку ќе водите грижа за тоа колку долго имате до следната бензинска пумпа, купете го Volvo. Просечната километража на овој шведски автомобилски бренд е 94.7 километри, а најдобар резултат има моделот V40 кој на резерва може да извози 113 км.

 

Share

ANIMEFLIX anime websites: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 8

AnimeFreak sites like animefreak: Watch Death Note Episode 22

Scroll to Top