Комбинацијата на Зорица Заева е тренд, но начинот на кој го носи е евтин и не елегантен

Комбинацијата на Зорица Заева е тренд, но начинот на кој го носи е евтин и не елегантен

пред 1 година





Во црни целосни панталони со корсет, Зорица Заева сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев се појави на прослава во друштво на нејзиниот личен стилист Драган Гоцев од Струмица и инфлуенсерката Љупка Митрова.

Стајлингот на Зорица Заева за Репортер и овој пат го критикуваше модната критичарка The Other Lagerfeld.

„Зорица Заева ја покажа својата нова фигура во црни панталони и проѕирен црн корсет. Самата комбинација на опуштени панталони и корсет е доста популарна во овој период, но нешто со начинот на кој Заева го изнесува буквално проѕирниот корсет делува евтино и доста не елегантно. Дури би рекла дека начинот на којшто стои и е направено ова парче е не стилски. Добар корсет е тешко да се направи, тоа е вештина која се учи и вежба со години. Но, огромната сага која корсетите ја доживеаа оваа година резултира да ги гледаме јавните личности настегани во вакви одвратни и катастрофално изработени верзии на корсети“, е коментарот на модната критичарка The Other Lagerfeld.






Share
Scroll to Top