Конечно решена најголемата мистерија на филмот „Сам дома“

Конечно решена најголемата мистерија на филмот „Сам дома“

пред 1 ден

Режисерот на класичниот „Сам дома“, кој за многумина е на врвот на листата на најдобри празнични филмови, Крис Колумбус, конечно стави крај на децениското прашање: „Од каде на родителите на Кевин Мекалистер толку луксузна куќа во Чикаго?”

„Тоа е она за што разговаравме со сценаристот Џон Хјуз и решивме со кои професии тие треба да да се занимаваат. Има неколку наговестувања во филмот. Ако ги забележавте танцувачките кукли што Кевин ги стави на прозорецот за да ги избрка криминалците Хари и Марвин, можеби претпоставувате дека Кејт Мекалистер е многу успешна модна дизајнерка“, рече режисерот.

Што се однесува до Питер Мекалистер (Џон Херд), деталите се малку понејасни.

„Таткото може, врз основа на сопственото искуство на Џон Хјуз, да работи во рекламна агенција“, објасни 66-годишникот, и додаде:

„Но, не можам да се сетам што точно правеше. Сепак, тој знаеше едно нешто сигурно, Питер немаше талент за форензика“, објасни Колумбус за „Холивуд репортер“.

„Тој не се ни занимаваше со организиран криминал, иако во Чикаго во тоа време имаше многу организиран криминал“, додаде Колумбус.

Сега кога е решена најголемата мистерија на популарната божиќна комедија од 1990 година, на фановите им преостанува само да уживаат во репризите бидејќи е тешко да се замислат празниците без еден од најдобрите празнични филмови на сите времиња.

Инаку, „Сам дома“ е комедија за малото момче Кевин Мекалистер (Меколи Калкин), кој случајно е оставен сам дома од семејството кога одат на одмор во Франција.

Лудилото започнува кога двајца несмасни крадци (Џо Пеши, Даниел Стерн) се обидуваат да му ја ограбат куќата во богатото предградие на Чикаго.

Share
Scroll to Top