Концерт на Владо Георгиев на јубилејниот Joy fest

Концерт на Владо Георгиев на јубилејниот Joy fest

пред 1 година

Владо Георгиев годинава ќе одржи концерт во Крива Паланка. По Здравко Чолиќ тој е втората балканска ѕвезда која годинава ќе биде дел од јубилејното 10 издание на музичкиот фестивал Joy fest.

Настапот на Владо е планиран за првата фестивалска вечера, на 27 август. Концертот ќе започне во 21 часот, а ќе се одржи на градскиот стадион во Крива Паланка.

За потсетување, јубилејното издание на Joy fest годинава ги собира најдобрите македонски и балкански музички имиња. Досега се најавени ДНК, „Нокаут“, „Фикшн“ и Галоски, додека од балканските простори пристигнува Здравко Чолиќ, кој ќе настапи на 28 август, а ден претходно Владо Георгиев.

„Joy fest“ изминава деценија докажа зошто важи за еден од најдобрите музички фестивали. На сцената продефилираа многу познати музички имиња од дома и странство.

Share
Scroll to Top