Концерт под отворено небо: Бајага во Антички театар во Охрид

Концерт под отворено небо: Бајага во Антички театар во Охрид

пред 2 години

По подолга пандемиска пауза Момчило Бајагиќ – Бајага и неговиот бенд „Инструктори“ ќе свират во Македонија. Тие ќе направат концерт на 30 јуни, во Античкиот театар во Охрид.

„Шоуто навистина оди понатаму“ е новиот слоган на Авалон“, кои се организатори на концертот. Од таму велат дека по Бора Чорба, кој неодамна ги забавуваше скопјани, музичкото уживање продолжува со Бајага и Инструктори.

Публиката по подолго време повторно ќе може да ужива во безвременски каталог на раритетно убави песни. Тие ќе имаат можност да ги слушнат „Зажмури”, „Са друге стране јастука”, „Кад ходаш”, „Од када тебе волим”, „Плави сафир”, па сè до последните хитови од последниот албум кој излезе лани, со наслов „Овај свет се мења”.

Бајага лени имаше концерт во септември во Скопје, но според првилата и мерките за Ковид -19, со помалку публика и дистанца.

„Фолиравме со бендот дека ‘442 до Београда’ е песна и за Скопје“ – со Бајага пред славеничкиот концерт

 

Share
Scroll to Top