Корисен трик за нега на цвеќиња

Корисен трик за нега на цвеќиња

пред 4 години

Кората од банана е одлична за нега на билките благодарение на минералите што ги содржи, како калциум, фосфор и калиум. Овие три минерали од кората ќе се ослободат доколку стојат во вода од 24 до 48 часа.

За залевање на билките најдобро е да се користи кора од презрели, потемнети банани, чија кора се става во вода и се додава малку кафеав шеќер. Така треба да стојат ден-два во водата, а потоа може со таа течност треба да се залеат цвеќињата.

Промените се забележуваат по само неколку дена, ќе пораснат нови листови, а според некои искуства, цвеќињата може и двојно да пораснат за само неколку недели.

Една жена на „Фејсбук“ сподели дека кората од банана во вода ја држела два дена, а промените на цвеќињата ги забележала по една недела.

„Моето цвеќе со недели немаше нови листови, а за само седум дена по залевањето, има шест нови. Ги залевам билките со таа вода, а потоа парчињата кора од банана ги ставам во земјата, цвеќињата го обожаваат тоа“, советува таа.

Share
Scroll to Top