Српскиот гастроентеролог, проф. Д-р Воислав Перишиќ, зборуваше за придобивките што ги има костенот при слабеењето, зошто е добар за здравјето, како и за тоа како треба да го консумираат жените.
„Содржи Б витамини за нервниот систем, нуди отпорност на крвните садови, има и малку витамин К, за циркулација, а и нискокалоричен е. 1 грам костен содржи 1 калорија. Значи 100 грама, 100 калории, па тоа не е ништо“, вели тој.
„Жените да пијат чај од див костен, а не од питом, и така ќе ги изгубат раширените крвни садови ако се мали. Тоа не е чај, туку ракија во која се натопува сецкан костен. Од него се вадат активни соединенија. Многу малку се пие, бидејќи дивиот костен е отровен. Пијте дневно по две, три чаши од најмалите во зима“, рече тој.
Дали костенот е навистина отровен, дали го ризикуваме здравјето ако го јадеме или пиеме?
„Ризикот е ако сте дебели и ако пиете многу лекови, тогаш црниот дроб е многу натоварен и лесно ќе попушти. Ако сте здрави и не земате лекови кои влијаат на црниот дроб, можете да го пиете“, рече тој.
„Тие едноставно имаат многу масти и калории, имаат здрави, омега-3 масти. Ако сте на пауза, имате дупка помеѓу оброците, грицкајте ги во текот на денот. Јас по цел ден дома грицкам суво грозје, сливи, бадеми и лешници“, додава д-р Перишиќ.
Кога сакате да се засладите, д-р Перишиќ како одлично решение предлага печени костени и пире од костени.
„Костените се печат наесен, ако одите во Париз, ќе видите дека ги печат насекаде по улица! Одлични се за варење, како и за нервниот систем. Пирето од костен е прекрасно, можете и сами дома да го направите”, рече д-р Перишиќ за Јутарњи.