Новиот документарец за Мајкл Џексон, TMZ Investigates: Who Really Killed Michael Jackson, кој ќе се прикаже на „Фокс“, открива дали легендарниот музичар имал 19 лажни лични карти кои ги користел за да полесно дојде до лековите.
NY Post пренесе дека славниот холивудски дерматолог Арнолд Клајн, кој бил еден од лекарите кои му ги обезбедувал лековите, уште во 2009 година признал дека му набавил „демерол“.
Американските медиуми пренесоа дека нивниот однос бил повеќе од само лекар и пријател и дека едно време биле блиски пријатеи.
Хери Гласмен, пластичниот хирург на Мајкл Џексон, рече дека кралот на поп музиката, лековите ги купувал кога одел на шопинг, пренесе „Аваз“.
За потсетување, Мајкл Џексон умре во јуни 2009 година, на 50 години. Утврдено е дека починал од прекин на работата на срцето, кој настанал поради преголема конзумација на propofol, анестезик кој му го препишал неговиот лекар Конрад Мареј.
Мареј беше осуден за убиство од негрижа, а му беше одредена казна затвор во траење од четири години. Беше пуштен на условна по помалку од две години.