Кој ќе биде новиот Бонд? На листата глумци за потенцијалниот агент 007 се познати заводници и две жени

пред 3 години

Неделава во Лондон премиерно беше прикажан најновиот дел од филмската франшиза за Џејмс Бонд, „За смрт нема време“. Ова продолжение ќе биде последно за глумецот Данил Крег, во улогата на тајниот агент 007, Џејмс Бонд.

Крег во оваа улога е од 2006 година и досега има снимено пет продолженија, а веќе во јавноста почна да се шпекулира со имињата на оние кои треба да го заменат. Според кладилниците, најголем фаворит за улогата на Бонд, кај жените е Том Харди.

Овој англиски глумец е мајстор за акциски жанр и е познат по улогите во филмовите Mad Max: Fury Road и Тhe Dark Knight Rises. Многумина се согласуваат дека одлично изгледа во оддело.

Второто место му припаѓа на Реге Жан Пејџ. Со својата појава во драмата на „Нетфликс“, Bridgerton, тој ги освои срцата на сите девојки во светот.

Шкотскиот кандидат за улогата на Бонд е Ричард Маден, на многумина познат по улогата во „Игра на тронови“ и Birdsong.

Ѕвездата на „Марвел“ филмовите, Лашана Линч, ќе се појави во најновото продолжение на франшизата за Џејмс Бонд каде веќе ја има покажано својата вештина во акцискиот жанр. Некои претпоставуваат дека таа би можела да биде првиот женски Бонд.

Иако се чини необично новиот агент да биде пејачот од британскиот бој-бенд, сепак не треба да се занемари талентот и на Хари Стајлс. Стајлс со себе во франшизата за Бонд, би можел да ја донесе новата генерација на млади обожаватели.

Глумицата Џилијан Андерсон исто така би била достоен кандидат да воведе историска пресвртница како што е женскиот Бонд, сметаат голем број фанови.

Share
Scroll to Top