Коњановски: Нова инвестиција за Карамани – над 16,7 милиони денари вложени во нова патна мрежа

Коњановски: Нова инвестиција за Карамани – над 16,7 милиони денари вложени во нова патна мрежа

пред 5 часа






Градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски и одговорните лица од општината денеска извршија увид на работните активности во село Карамани каде започна асфалтирањето на уличната мрежа.

Се работи за 9 краци со вкупна должина од 2100 метри и ширина на улиците од 3 до 3,5 метри, а дебелината на асфалтниот слој е 7см.

Вредноста на овој зафат е 16.751.553 денари, а се работи со средства од Буџетот на Општина Битола.

Асфалтирањето се реализира по барање на жителите на Карамани и заложбите на градоначалникот и општината за подобрување на условите и во населените места во Општина Битола.






Share
Scroll to Top