Британската кралица Елизабета Втора, потрошила 16.000 евра за божиќни подароци, пренесуваат британските медиуми. Кралицата веќе со години, како глава на семејството, не се штеди на подароци. Таа секоја година троши преку 16.000 евра за 620 лица од палатата.
Со оглед на тоа дека има многу работа, но и години, кралицата не ги одбира подароците самата. Нејзиниот помошник, за британски „Сан“, вели дека тој и дава сугестии што да одбере за подарок. Обично се одлучува за книги или порцелански парчиња од сувенирница од пазар.
Веќе неколку години наназад таа се одлучува во пакетите да стави и мал божиќен пудинг, вели нејзиниот помошник.
Во ова семејство отворањето на подароците е посебен момент. Кралицата има донесено три правила кои тој ден мора да се испочитуваат. На Бадник се собираат сите во 18. часот во црвената соба за примрање на луѓе.
Таму се отвораат подароците, кои истиот ден се оставени под елката. Она што е строго пропишано, е тоа што никој не смее да ги отвори подароците пред да дозволи принцот Филип. Подарокот мора да биде и забавен и евтин.






