Англискиот крал Чарлс приреди раскошен дочек и банкет за јапонската империјална двојка во Бакингемската палата, со здравицата „Добре дојдовте назад во Британија“.
Меѓу деликатесите послужени на банкетот во чест на императорот Нарухито и царицата Масако, меѓу другото, имало и ракови, мус од босилек, јајца од препелица, шербет и праски, јавува Би-Би-Си.
Банкетот се одржа во балската сала на палатата и беше централен настан на државната посета на јапонскиот император.