Кралската ковачница му оддаде почит на Џорџ Мајкл со колекционерска монета

Кралската ковачница му оддаде почит на Џорџ Мајкл со колекционерска монета

пред 10 месеци

Починатиот британски пејач и текстописец Џорџ Мајкл беше испочитуван со издавање персонализирана колекционерска монета.

Британската кралска ковачница објави дека новата монета, на која пејачот е во неговите препознатливи очила за сонце, му оддава почит на хит соло-синглот на британската музичка ѕвезда „Faith“, објавен во 1987 година.

Монетата е дизајнирана од уметникот и скулптор Сандра Дејана.

„Од неговото деби со дуото WHAM!, Џорџ Мајкл стана еден од најпродаваните соло музичари на сите времиња. Тој е глобална суперѕвезда која инспирираше и влијаеше на генерации со својата работа, музика и уникатен стил. Со задоволство ви ја претставуваме официјалната британска монета која го слави животот и наследството на Мајкл“, рече Ребека Морган, директорка на колекционери на монети во Кралската ковачница.

Џорџ Мајкл почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.

Монетата е најновата во серијата „Легенди на музиката“ на Кралската монетарница, која претходно им оддаде почит на Дејвид Боуви, Елтон Џон и Квин, а ќе биде достапна за купување на почетокот на оваа недела.

Share
Scroll to Top