Кристина Димитријевска ќе пее во Велес: Се радувам на мојот прв настап

Кристина Димитријевска ќе пее во Велес: Се радувам на мојот прв настап

пред 3 години

Моделот Кристина Димитријевска, долги години е дел од модното студио Црнокрак, прд две години почна да се занимава со музика. На 26 ноември ќе го има својот прв настап. Таа ќе пее во кафуле во Велес, со Алек и Тони, со кои ги снима своите песни, a поддршка ќе им биде диџеј Боно. Кристина не крие дека е среќна што ќе настапи во живо пред македонската публика.

„Се радувам за мојот прв настап. ‘Кали’ во Велес е познато по најатрактивните журки во градот, а јас сум сигурна дека и ние ќе направиме одлична забава“, рече Кристина за „Репортер“.

 

Кристина која е дел од модното студио „Црнокрак“, лани беше избрана за прва Мис карантин на светот. Таа тогаш во интервју за „Репортер“ откри дека отсекогаш сакала да пее. До сега сними неколку песни, а неодамна Кристина го препеа и хитот на Северина „Родено мое“. Вели, се пронашла во најтажната песна на хрватската ѕвезда, па сакала и таа да ја испее за својот син Давид, кого го има од бракот со Даниел Кајмакоски.

Share
Scroll to Top