Состојки:
- малку путер
- ситно сечкан лук
- ситно сечкан магдонос
- сол
- пармезан
- леб
Подготовка:
Растопете путер, додајте лук, магдонос и сол. Со кујнска четка премачкајте го лебот со подготвената смеса.
Загреаната тава премачкајте ја со уште малку путер, па ставете парче леб, а преку изрендајте малку пармезан.
Пармезанот ќе биде контраст на благиот вкус на путер, и ќе го заостри вкусот на лукот.
Пржете на среден оган, по минута-две свртете и оставете да се запече и од таа страна.