Крцкави модри патлиџани во рерна готови за 30 минути

Крцкави модри патлиџани во рерна готови за 30 минути

пред 2 години

Искористете ја сезоната на модар патлиџан и направете вкусен ручек од овој одличен зеленчук. Наместо да ги пржите во масло, употребете мал трик и направете крцкав ручек во рерна.

dobivaj vesti na viber

Состојки за крцкав модар патлиџан: 450 гр модар патлиџан, 250 гр презла, 70 гр брашно, 30 гр рендан пармезан, 3 супени лажици маслиново масло, 2 големи јајца, 1 лажица мешавина од медитерански зачини сол и бибер по вкус.

Подготовка на крцкави модри патлиџани: Модрите патлиџани исечкајте ги на кришки дебели околу 1 сантиметар. Добро посолете ги и ставете ги во чиста памучна крпа околу половина час. Солта треба да го извлече вишокот вода од модриот патлиџан. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Во еден сад изматете ги јајцата, во друг ставете го брашното, а во третиот трошките измешани со медитерански зачини, малку бибер и рендан пармезан. Користете памучна крпа за да го исцедите вишокот вода од солените парчиња модар патлиџан. Вака подготвените кришки од модар патлиџан валкајте ги во брашно, јајца, а потоа во смесата со презла. Постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки. На подмачкан плех ставете ги подготвените модри патлиџани во еден слој и вратете ги во рерна. Печете околу 20 минути додека долниот слој од модар патлиџан не добие крцкава кафеава кора. Превртете ги парчињата и печете уште 10 до 20 минути.

Share
Scroll to Top