Култниот Матерхорн ќе биде тргнат од пакувањето на „тоблероне“

Култниот Матерхорн ќе биде тргнат од пакувањето на „тоблероне“

пред 2 години

Графичката лого-претстава од планинскиот врв Матерхорн набргу ќе биде тргната од амбалажата на познатото чоколадо „тоблероне“ бидејќи американскиот сопственик на компанијата дел од производството го преселува надвор од Швајцарија, пишува „Блумберг“.

За ова имаше шпекулации уште лани во јуни кога беше најавено дека дел од производството ќе биде префрлено во Словачка.

Оваа одлука е во согласност со строгите швајцарски правила за означување на производите, според кои чоколадото направено во странство не може да се нарекува швајцарско.

„Со редизајнот на амбалажата се воведува модернизирано и аеродинамично планинско лого, кое е во склад со геометриската и триаголна естетика“, изјави портпаролот на Mondelez за „Аргуер цајтунг“.

Исто така, на пакувањето „тоблероне“ сега, наместо „Швајцарија“, ќе пишува „основано во Швајцарија“.

Share
Scroll to Top