Куче фатено зад волан, сопственикот казнет

Куче фатено зад волан, сопственикот казнет

пред 12 месеци






Полицијата во Словачка казни маж поради снимка на којашто се гледа како неговото куче седи зад воланот во  автомобил „Шкода“. На снимката од улична камера за брзина, потоа објавена на Фејсбук, се гледа кучето на возачкотото седиште на возилото. Сопственикот на автомобилот се правдаше дека неговото милениче – кафено ловечко куче одеднаш му скокнало в скут.

Меѓутоа, полицајците во околината на словачката престолнина Братислава, тврдат дека тоа не е точно, бидејќи во возилото не се забележани нагли движења. Властите ги предупредија возачите да ги почитуваат правилата за безбеден превоз на домашни миленици.

„Дури и мало животно може да ве загрози додека возите“, потсети полицијата.

 






Share
Scroll to Top