Кучињата плачат од среќа кога ќе се сретнат повторно со сопствениците

Кучињата плачат од среќа кога ќе се сретнат повторно со сопствениците

пред 1 година

Научниците и официјално докажаа дека кучињата секогаш плачат кога повторно ќе се сретнат со своите сопственици. Мавтањето со опашката, лижењето, разиграното скокање и погледот кој ги топи срцата се знаците по кои може да знаете дали вашето куче е среќно или не.

Како и луѓето и кучињата имаат солзавци од кои им течат солзите и им ги одржуваат очите чисти и здрави. Но, порано солзите кај кучињата не се поврзувале со емоциите.

Професорот од Универзитетот Азаба во Јапонија, Такефуми Кикусуи, истражил и открил кај неговата пудлица како очите и солзиле додека ги доела своите кученца.

„Откривме дека кучињата понекогаш пуштаат солзи кои се поврзани со емоциите. Исто така откривме дека можниот механизам кој стои зад тоа е окситоцин“, рече Кикусуи за магазинот Current Biologyмислејќи на хормонот љубов или мајчинскиот хормон.

Како би ја истражиле врската, Кикусуи и неговиот тим ја мереле количината на солзи кај 18 кучиња, со Ширмеровиот тест или тест на продукција на солзи. Ставиле хартиена лента во нивните очни капаци, минута пред повторно ги пуштат кај нивните стопани, откако претходно биле пет до седум часа одвоени.

„Волуменот на солзи е проценет според должината на мокриот дел од лентата. Основната линија беше околу 22 милиметри, а по повторната средба со сопствениците, волуменот се зголемил за 10%“, објаснил Кикусуи.

За да утврдат дали окситоцинот има улога во создавањето на солзите, растворот кој го содржел тој хормон им го нанеле на површината на очите на 22 кучиња. Количната на солзи значително се зголемила по примената на окситоцинот во споредба со контролниот раствор.

Има уште многу што не се знае за солзите кај кучињата. Луѓето често плачат како одговор на негативните емоции, но истражувачите не ги тестирале кучињата да видат дали и тие тоа го прават.

Сепак, тие откриле дека е можно луѓето подобро да се грижат за кучињата со насолзени очи. Кикусуи и неговиот тим им покажале на волонтери слики од кучиња, со, и без вештачки солзи. Тие дале повеќе позитивни одговори кога ги виделе кучињата со насолзени очи.

Share
Scroll to Top