Ламбе чекаше да го поделат светиот оган од Ерусалим: Величествено за Велигден во манастирот Св. Јован Бигорски

Ламбе чекаше да го поделат светиот оган од Ерусалим: Величествено за Велигден во манастирот Св. Јован Бигорски

пред 1 година

Со ѕвоната на камбаните и велигденски песни синоќа во Манастирот Св. Јован Бигорски голем број верници го дочекаа светиот Благодатен оган од Базилката на Светиот Гроб во Ерусалим.

Со пасхални свеќи во рацете кои изгледаа како факели, чекаа да се подели светиот оган. Беше величествено. Меѓу верниците беше пејачот и Ламбе Алабакоски кој исто така чекаше да ја запали свеќата со светиот оган.

За потсетување во сите православни храмови во земјава на полноќ утрово се одржаа воскресенски литургии по повод најголемиот христијански празник Велигден, Христовото воскресение.

Годинава за прв пат македонска делегација присуствуваше на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим и лично од Ерусалимскиот патријарх го преземаа Благодатниот оган и го донесоа во земјава.

 

Share
Scroll to Top