Ламбите од филмот „Барби“ се произведуваат во Словенија

Ламбите од филмот „Барби“ се произведуваат во Словенија

пред 1 година

Филмот „Барби“ моментално урива рекорди на гледаност, а сите возрасти се собираат во кината за да ги видат Марго Роби како Барби и Рајан Гослинг како Кен. Во реакциите на филмот често се споменува пријатната естетика која го подига искуството од гледањето на филмот на посебно ниво.

Во Барбиленд посебно место има куќата Барби која е украсена во розови нијанси.

Во таа куќа има еден детал кој потекнува од нашето поднебје. Светилките од спалната соба на Барби во филмот може да се видат на Инстаграм профилот на брендот Брајак Витберг од Словенија, со седиште во Љубљана.

Брендот е основан во 2019 година и произведува луксузни парчиња мебел, а светилките во Мајами се инспирирани од сонцето во Мајами. Создадени се од син и розов плексиглас.

Брајак Витберг е дизајнерско студио основано пред четири години од архитекти од Љубљана, Петра Брајак и Роберт В. Бијелиќ.

Share
Scroll to Top