Лени Кравитц во врска со 32 помлада манекенка

Лени Кравитц во врска со 32 помлада манекенка

пред 12 месеци

Музичарот Лени Кравиц (58) е виден во Лос Анџелес, каде се шета по продавниците во друштво на мексиканската манекенка и инфлуенсер Ана Паула Вале (26).

Фотографите ги фатиле како заедно излегуваат од автомобил, кој го паркирале пред продавница за луксузна облека во Холивуд. По купувањето, рок ѕвездата ја напуштил продавницата на задната врата, а младата манекенка заминала во кафуле и сама пиела кафе.

Иако се уште не е познато дали парот се само пријатели, ова заедничко излегување поттикна гласини за потенцијална љубовна врска.

Многу малку се знае за љубовниот живот на Лени. Кратко време беше во врска со манекенката Барбара Фиахла (35). Неговата последна сериозна врска и една од ретките јавни беше онаа со бразилската манекенка Адријана Лима (41) со која се вери. Извесен период тајно беше свршен со актерката Никол Кидман (55). Пет години беше во брак со Лиза Бонет (55) со која ја има ќерката Зои Кравиц (34).

Share
Scroll to Top