Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо во интервју за „Ентертејнмент викли“ откри дека на снимањето на филмот „Не гледај горе“ (Don’t Look Up) скокнал во замрзнато езеро за да си ги спаси кучињата.
Хаските Џек и Џил биле со Леонардо на снимањето кога едно од нив паднало во ледената вода. Кога глумецот скокнал во езерото да го спаси, во водата скокнало и другото куче.
„Второто куче почна да го лиже првото, кое се давеше, а потоа сите заедно бевме во ледената вода“, рекол Лео во интервјуто и додал дека инцидентот бил трауматски за неговите миленици, кои иако се хаски, сепак се навикнати на потоплите води во јужна Калифорнија.