Леонардо ди Каприо ужива со својата девојка на јахта, таа покажа витка линија во костим за капење

Леонардо ди Каприо ужива со својата девојка на јахта, таа покажа витка линија во костим за капење

пред 2 месеци

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо и неговата девојка, италијанската манекенка Виторија Серети се релаксираат на јахта на Сардинија и се фотографирани како уживаат во сончање и пливање.

Виторија ја покажа својата витка линија во кафеав костим за капење. Тие се придружувани од најдобриот пријател на Леонардо ди Каприо, актерот Тоби Мегваер и моделот Бабет Стријбос.

Неодамна странските медиуми шпекулираа дека славниот актер се жени бидејќи Виторија била фотографирана со голем дијамантски прстен.

Ди Каприо и Виторија се во врска од минатото лето и ова не е прв пат да се шпекулира за свршувачка, но гласините тогаш беа демантирани.

Share
Scroll to Top