Лепа Брена води луксузен живот, кој често го покажува на социјалните мрежи.
Покрај убавите патувања и далечните дестинации на кои оди со својата јахта, пејачката често патува и со приватен авион, а вилата во која живее зрачи со луксуз, пишува Телеграф.рс.
Тој начин на живот е пропратен со скапи платна и накит, а помалку е познато дека Брена е љубител на скапи часовници.
Неодамна на нејзината рака „блесна“ часовник „Ролекс“, а според информациите од интернет чини „само“ 50.000 евра.
Убавата Брена носи многу, многу редок Rolex Datejust!“, пишува на страницата на Инстаграм „watch on wrist“.
„Овој часовник најчесто се гледа на машките раце (поради неговата големина), а женскиот часовник од 29 мм е резервиран за дами. Но, Лепа Брена се одлучи за овој златен модел со дијамантска рамка. Цена: ~ 50.000 € “.
Сликата на која Брена позира со овој луксузен детаљ е направена за време на едно од нејзините патувања во Шпанија.