Лепа Лукиќ се збогуваше со публиката: во Белград го одржа последниот концерт во нејзината кариера

Лепа Лукиќ се збогуваше со публиката: во Белград го одржа последниот концерт во нејзината кариера

пред 1 година

Познатата српска пејачка на народна музика, Лепа Лукиќ вчера во Белград, после пауза од шест години одржа концерт.

Како што најави пејачката ова е и последниот нејзин солистички концерт во кариерата, но таа и понатаму ќе продолжи да се занимава со музика.

Овој единствен потфат на познатата пејачка со наслов „Лепини путичи“, го поддржа оркестарот на Миша Мијатовиќ, како и неколкумината гости на концертот, како Зорица Брунцлик, Ана Бекута, Иван Милинковиќ, Милан Топаловиќ, Снежана Ѓуришиќ, Цакана, но и младата пејачка Милица Миловановиќ.

Концертот бил доста емотивен, а за тоа сведочеле и лицата на луѓето во публиката, како и солзите на Лепа Лукиќ, со оглед на тоа дека на некој начин се збогувала со публиката.

Share
Scroll to Top