Пејачката Лејди Гага ужива во самотијата и дека поголем дел од нејзиното време го поминува сама, изјавила пејачката во интервју за списанието „Валпејпр“.
„Навистина е убаво да имаш време да бидеш сам, да бидеш експанзивен и да знаеш дека си доволно сам на себе. Би сакала да го знаев тоа кога бев помлада. Тогаш поминував многу време сама пишувајќи музика, но колку што станував поуспешена, толку повеќе чувствував дека другите луѓе треба да ми кажат дека сум одлична“, признала пејачката.
Добитничката на Оскар и 13 Греми тврди дека музиката и е многу важна во животот и дека сака да работи на создавање музка.
„Не поминувам многу време во Холивуд. Можеби изгледаа така затоа што понекогаш е сезона на награди и ме гледате на црвениот тепих. Но често сум дома и работам. Тоа е она што навистина ме прави среќна“, рекла пејачата.
Лејди Гага раскажала како го пропатувала речиси целиот свет и дека ги гледала најдепресивните луѓе во најбогатите земји, а најсреќните во најсиромашните земји. Со својот албум „Joanne“ сакаше да го потсети целиот свет и нејзините обожаватели дека најважни се љубовта и добрината.