Филхамонијата оваа година традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк ќе му го посвети на Чарли Чаплин. Оркестарот ќе ја свири музиката од филмот „Детето“ од 1921 година, кој е спој на трагично и комично, а паралелно на видеобим ќе се прикажува и прокеција на истоимениот филм. Диригент на концертот ќе биде Емин Џијан.
„Со својата неверојатна умешност преку превезот на комичното да детектира и презентира разни човечки состојби и емоции, Чарли Чаплин целосно ја трансформира светската кинематографија. Особено во жанрот на комедијата, на која ѝ даде сосема нова естетска и социјална димензија. Неговите комедии се сплет од комедија и длабоки емоции и се фокусираат на важни аспекти од секојдневниот живот. Со други зборови, можеби неговите филмови се смешни бидејќи носи големи чевли и тесно палто, но зад ликот на Скитникот и неговите авантури се крие трагичноста на социјалниот живот на времето во кое биле создадени“, рекоа од Филхармонијата.
Концертот ќе се одржи на 24 јуни (четврток) во Градскиот парк, со почеток во 21 часот.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Брижит Бардо хоспитализирана на интензивна нега поради проблеми со дишењето
Сопругата на Брус Вилис ги отфрли гласините дека бившата на актерот се преселила во нивниот дом
Со ноктите на голи гради Антониа се пофали каква ноќ минала во Радовиш
(Видео) Поради поплавите во Њујок, неизвесен мечот на Новак Ѓоковиќ на Ју-ес опен
Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19
(Видео) Судија му ги собираше забите на фудбалер на теренот


