Мадам Максвел не знаела дека Епштајн и принцот Ендру имале секс со малолетнички

Мадам Максвел не знаела дека Епштајн и принцот Ендру имале секс со малолетнички

пред 6 месеци

Гислејн Максвел, жената која важела за голема пријателка на осудениот педофил Џефри Епштајн, кој минатата година се обеси во својата ќелија во затворот во Њујор, сега се брани пред судот дека не знаела дека девојките кои му ги носела биле малолетнички и дека тој ги користел за секс.

Документите кои го содржат нејзиното сведочење, беше објавен во јавноста минатата недела. Транскриптите содржат нејасни детали за нејзиниот сексуален живот, а според обвинителството, тие се јасни докази за кривоклетство.

Сведочењето на мадам Максвел беше објавено во понеделникот, по наредба на американскиот судија Лорет Преск, додека во јавноста се појави во четвртокот утрината.

Лорет го направил интервјуто со Максвел, во рамки на истрагата за нерешниот случај за клевета против Вирџинија Робертс Жуфре, која претходно ја обвини Максвел за злоставување.

За време на интервјуто, Максвел им кажала на тужителите дека ја поканила тогаш малолетната Вирџинија во куќата на Епштајн, но само за да работи како масерка. Таа негира дека знаела дека Вирџинија имала само 13 години, кога двете се запознале.

Вирџинија и бројни други девојки, ја обвинија Максвел дека таа е жената која ги регрутирала за да го масираат Епштајн, а потоа и да имаат секс со него. Максвел вели дека не знаела дека Епштајн по масажата, ги принудувал девојките да имаат секс со него.

„Не знам што мислите под сексуален чин?“, им одговорила Максвел на обвинителите, на прашањето дали овие малолетни девојки сексуално го задоволувале Епштајн.

Максвел подоцна ја обвинила Вирџинија и ја тужела за клевета. Таа одбила да каже дали учествувала во некои од бројните масажни сесии, а не одговарала ниту кога обвинителите ја прашувале за сексуалните интереси на починатиот педофил Епштајн.

„Не можам да ви кажам каква е приказната на Епштајн“, одговорила Максвел на прашањето дали тој имал сексуална наклонетост кон малолетнички.

За време на целиот разговор, кој бил испечатен на 450 страници, Максвел постојано била воздржана. На прашањето дали некогаш знаела дека малолетни девојки биле во посета на домот на Епштајн во Палм Бич, таа одговорила дека куќата била прилично голема и дека не можела да знае кој се бил во посета на американскиот милијардер.

Максвел не негирала дека ја водела Вирџинија во Лондон кога имала 17. години. За време на ова патување, Вирџинија тврдела дека имала секс со синот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Ендру.

Името на принцот било преобработено во транскриптите, но неуредените детали, како што се датумот на патувањето и марионетите кои Епштајн им ги понудил на членот на британското семејство, го олеснуваат увидот во делот каде се споменува Ендру.

Максвел вели дека не можела да се сети дека Вирџинија и Ендру имале секс за време на патувањето, но потврдила дека војводата од Јорк барем еднаш го посетил Епштајн на неговиот приватен педофилски остров.

Ќе биде потребно некое време документите да се пречешлаат поради инкриминирачките информации, но целата работа изгледа дека Максвел во одредени моменти, очајнички се обидува и посакува да сокрие некои од трагите.

Запрашана дали летала во авионот на Епштајн заедно со Вирџинија, кога таа била малолетна, Максвел одговорила дека во тој период таа не можела да ја знае возраста на девојчето.

Кога ја запознале со дневниците од летувањата, во кои биле заведени псевдонимите ЈЕ, ГМ и Вирџинија, Максвел изјавила дека никој не може да потврди дека зад псевдонимот ГМ, стои нејзиното име.

„Како знаете дека ГМ сум јас?“, им одговорила Максвел на обвинителите.

Обвинувањето за лажно сведочење против Максвел, потекна од нејзиното инсистирање дека таа не знаела ништо за шемата на Епштајн, за врбување на малолетни девојчиња за сексуални масажи, иако обвинителите и кажале дека нејзиното име било наведено на состаноците за масажа кои биле закажани со 15 годишни девојчиња.

Максвел се борела овие изјави да останат запечатени и да не бидат објавени. Нејзините адвокати тврделе дека таа открила интимни детали од својот живот и декао во иднина тоа би претставувао проблем за време на нејзиното судење, за кривичните дела под кои е обвинета за трговија со луѓе.

Ќерката на медиумскиот могул и наводен израелски шпион, Роберт Максвел, се соочува со шест обвинувања, поврзани со сексуална трговија и лажни сведочења. Таа беше уапсена во јули во Њу Хемпшир, а во моментов се наоѓа во затворот во Бруклин во Њујорк.

Нејзината кауција била отфрлена, затоа што постоел екстремен ризик да побегне. Максвел поседувала пасоши од неколку земји. Нејзиното судење требаше да почне во јули, а на Максвел и се заканува опасност од 35 годишна затворска казна, во случај да биде обвинета.

Епштајн почина во август минатата година, во затворот во Менхетен, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство

Share

AniWatch watch anime: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 26 (https://aniwatch.pro/m/N5dz/ep-26)

GoGoAnime watch anime free: Watch One Punch Man Episode 8

Scroll to Top