Мадона објави фотографии со 38 години помладиот дечко и ќерките

Мадона објави фотографии со 38 години помладиот дечко и ќерките

пред 1 ден

Неодамна почнаа да кружат гласини дека Мадона (66) раскинала со фудбалерот Аким Морис, кој е 38 години помлад од неа, но сега пејачката ги демантираше гласините објавувајќи видео со серија фотографии на кои позира со него и нејзините ќерки.

„Најубавиот ден во годината… Божиќ и Ханука, одеднаш“, напиша таа, бидејќи двата празника оваа година се славеа на ист ден.

Покрај Аким, празничните моменти ги помина и со четирите ќерки Лурд Леон (28), Чифундо Џејмс (18) и близначките Стела и Естере (12). Мадона има и два сина – Роко Ричи (24) и Дејвид Банда (19) кои овој пат не беа со нив на семејниот собир. Според странските медиуми, се верува дека тие го поминале Божиќ со својот татко Гај Ричи.

За потсетување, откако неколку пати се појави сама во јавноста, почнаа шпекулациите дека врската меѓу неа и 28-годишниот Аким е прекината.

„Мадона и Аким го имаа истиот проблем со претходните партнери“, неодамна откри извор, додавајќи: „Разликата во годините стана голем проблем меѓу нив. Тие доаѓаат од различни временски периоди“. Тој кажа и дека пејачката се сомневала дека нејзиниот партнер е неверен, но судејќи по овие фотографии изгледа дека ништо од тоа не е точно.

Аким, кој исто така дипломирал политички науки, и пејачката се познаваат подолго време. И двајцата учествуваа на снимање за магазинот „Пејпер“ во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност. Мадона потоа објави серија фотографии на кои се држат за раце, гледаат во огномет и заедно седат на каучот.

Познато е дека Мадона сака помлади мажи, поради што ја прекина врската со 30-годишниот Џош Попер пред Аким. Пред тоа, таа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се забавуваше со скејтерот Ендрју Дарнел, кој е 41 година помлад.

Share
Scroll to Top