Мадона објави фотографија од семејна прослава, нејзиното момче привлече внимание

Мадона објави фотографија од семејна прослава, нејзиното момче привлече внимание

пред 10 месеци

Американската поп икона Мадона објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира со своите шест деца на прославата на 24-от роденден на нејзиниот син Роко. Поп иконата неодамна го прослави својот 66-ти роденден во близина на Помпеја, а сега откри дека и роденденот на својот син го прославила во Италија.

Мадона позираше со синот покрај огромната торта со натпис „Среќен роденден, Роко“, а на прославата се приклучи и нејзиното ново момче, фудбалерот Аким Морис.

Пејачката и фудбалерот позираа во соодветни бели комбинации, а на една фотографија Морис ја држи за рака. Да потсетиме, Мадона и Аким се познаваат веќе некое време.

Неколку месеци по раскинувањето со партнерот, кој беше 35 години помлад од неа, таа се заљуби во 28-годишниот Аким, а парот беше забележан во Портофино, Италија.

Share
Scroll to Top