Мадона откажа снимање со Дејвид Гета поради неговиот хороскопски знак

пред 5 месеци

Поп-кралицата Мадона одбила да сними песна со светски познатиот диџеј Дејвид Гетa поради тоа што е скорпија во хороскоп, открил францускиот музичар во едно скорешно радиоинтервју. Тој во емисијата зборувал за музиката, славата, идните проекти, а ја раскажал и приказната за неуспешниот обид да работи со Мадона.

„Таа ме покани на ручек. Разговаравме за сè, музика, продукција. Беше многу опуштено, само ние двајца седевме, кул. Прекрасно, седам со Мадона. Ми рече дека навистина ѝ се допаѓа мојата работа и дека е воодушевена од ремиксот, и ми понуди да продуцирам албум за неа“, рекол Гета во емисијата.

Откако договориле речиси сè, почнале да разговараат за хороскопот.

„Таа среде муабет директно ме праша: ‘Што си во хороскоп?’. Ѝ реков дека сум скорпија, а таа го намурти лицето и ми кажа: ‘Жал ми е, нема да можеме да соработуваме. Ми беше задоволство да те запознаам. Збогум’. Бев во шок“, раскажал Гета.

Share

Attack on Titan: Crimson Bow and Arrow (https://animeflix.nl/m/lKPe) Episode Full at website https://animeflix.nl. See more animeflix one punch man

The Seven Deadly Sins (https://animefreak.ws/m/wqk) Episode 24 at AnimeFreak anime freak new site

Scroll to Top