Мадс Микелсен на местото на Џони Деп во новиот „Фантастични ѕверки“

Мадс Микелсен на местото на Џони Деп во новиот „Фантастични ѕверки“

пред 2 години

Данскиот актер Мадс Микелсен е избран да го замени Џони Деп во претстојниот трет филм во серијалот „Фантастични sверки“, соопшти во средата „Ворнер брос“.

Микелсен (55), кој е познат по улогата на серискиот убиец Ханибал Лектор во американската телевизиска серија „Ханибал“, ќе го игра злобниот волшебник Гелерт Гринделвалд во спиноф-филмот на авторката на Хари Потер, K. К. Роулинг.

Деп беше принуден да ја напушти улогата на почетокот на овој месец кога изгуби случај за клевета во Велика Британија против весникот „Сан“ во врска со статија за наводно семејно насилство.

Деп, кој претходно почна со продукцијата на третиот филм „Фантастични sверки“ во Лондон, откри дека од „Ворнер“ побарале од него да замине.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top