Маж гризнал крокодил и се спасил од сигурна смрт кога животното го нападнало

Маж гризнал крокодил и се спасил од сигурна смрт кога животното го нападнало

пред 6 месеци

Австралиски фармер вели дека има среќа што е жив откако се одбранил од крокодил благодарение на тоа што го гризнал, пренесува Би-би-си.

Колин Деверо бил во болница еден месец откако бил каснат од слатководен крокодил од 3,2 метри.

Тој за „Еј-би-си њуз“ опиша како преживеал гризејќи го очниот капак на животното.

Неговата битка за живот и смрт се случи минатиот месец во притоката на реката Финис во која влегол за да лови риба.

Во тој момент крокодилот му скокнал и со вилицата го зграпчил за ногата. Но мажот возвратил со иста мера.

„Случајно му го фатив очниот капак со забите. Беше многу тешко, како да ја гризев кожата. Почнав да го влечам, па ме пушти“, рекол фармерот кој успеал да стигне до автомобилот.

Со крпа и јаже го запрел крварењето од ногата, а брат му го пренел во болница оддалечена 130 километри.

„Да ме гризнаше на друг дел од телото, се ќе беше поинаку“, изјави Деверо.

Според локалната власт, крокодилите се заштитен вид и како туристичка атракција се важни за тој дел од Австралија.

Share
Scroll to Top