Македонецот Горан Столевски со „Нема да си сама“ е австралиски кандиат за Оскар

Македонецот Горан Столевски со „Нема да си сама“ е австралиски кандиат за Оскар

пред 2 години

Дебитансткиот долгометражен филм „Нема да си сама“ на австралиско – македонскиот режисер, Горан Столевски е австалиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар.

Столевски е роден во Македонија, но живее и работи во Австралија.

Дејството во филмот се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век и следи млада вештерка која е оставена сама во шума. Љубопитна како е да се живее како човек, таа случајно убива селанка и го зема нејзиниот облик. Во филмот играат шведската актерка со холивудска кариера Номи Рапас, и македонските глумици Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.

Филмот е во продукција на „Козвеј филмс“ на Кристина Кијтон и Саманта Џенингс и се снимаше во Србија. Филмот на Столевски не доби никаква помош иподдршка од Агенцијата за филм во Македонија.

Филмот имаше светска премиера во јануари на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута во САД.  По премиерата на Санденс, угледниот холивудски сајт „Вараети“ го вклучи меѓу десеттемина најнадежни режисери за 2022.

Во август годинава излезе неговиот втор филм насловен „Of an Age“ , снимен во Австралија, додека истовремено во Македонија го снимаше неговиот прв македонски филм „Домаќинство за почетници“.

Столевски на Санденс 2018 победи за најдобар краток филм со „Види ја ти неа“, а во 2020 во првиот рок на Конкурсот на Агенцијата за филм беше поддржан со 21.5 милиони денари (350 илјади евра) за македонското деби „Домаќинство за почетници“ .

Македонски кандидат за „Оскар“ е „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Струга Митевска.

 

Share
Scroll to Top