Македонија ги доби противниците во Лигата на нации, првиот натпревар е против Бугарија

Македонија ги доби противниците во Лигата на нации, првиот натпревар е против Бугарија

пред 3 години

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во Лигата на нации: Грузија, Гибралтар и Бугарија. Жрепката се одржа во Нион, а Македонија ќе игра во групата Ц, во дивизијата Ц.

Македонија првиот натпревар ќе го игра на гости против Бугарија, на 2 јуни догодина, а три дена подоцна ќе гостува на Гибралтар. На 9 јуни Македонија ќе го игра првиот натпревар дома, против Грузија, а на 12 јуни во Скопје ќе гостува Гибралтар. Последните два натпревара македонската репрезентација ги игра во септември, на 23 на гости против Грузија и на 26 ќе биде домаќин на Бугарија.

Според распоредот, победниците од групите ќе одат во Б-дивизија, а последнопласираните ќе играат бараж во март 2024 година и двата поразени тима ќе испаднат во Д-дивизијата.

 

 

Share
Scroll to Top