Македонија го победи Чиле во првиот контролен натпревар

Македонија го победи Чиле во првиот контролен натпревар

пред 4 години

Македонија ја победи репрезентацијата на Чиле со 25:21, во првиот од двата контролни натпревари во ЕХФ неделата. На полувреме македонската репрезентација водеше со 15:11.

Селекторот Брестовац играше со подмладен тим, а во натпреварот не влезе капитенот Кире Лазаров. Пешевски и Серафимов беа најефикасни во репрезентацијата со по пет голови.

Следниот контролен натпревар меѓу Македонија и Чиле ќе се игра в недела, во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Share
Scroll to Top