Фудбалската репрезентација на Македонија падна за десет места на најновата ранг листа на ФИФА, и сега се наоѓа на 72. место. Прва и понатаму е репрезентацијата на Белгија, а новиот европски шампион Италија е на петтото место, но и понатаму зад Англија, репрезентацијата која ја победи во финалето на ЕП.
Причина за падот на ФИФА листата се трите порази на македонската репрезентација на првото учество на Европското првенство, од Австрија, Украина и Холандија.
На ФИФА листата по Белгија се Бразил, Франција, Англија, па Италија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и САД.






