Од Министерството за надворешни работи реагираа на потегот на УЕФА, на нивниот официјален сајт, да ги претстават по националност претседателот на Фудбалската Федерација на Макеоднија и генералниот секретар, како Северномакедонци.
На претставувањето на членките на УЕФА, на страницата за Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се Северномакедонци.
Од Министерството за надворешни работи велат дека реагирале и дека ќе продолжат да водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.
„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети и други места, кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации“, наведоа во соопштението до јавноста.