Македонскиот борач Владимир Егоров е нов европски шампион

Македонскиот борач Владимир Егоров е нов европски шампион

пред 3 години

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров го освои златниот медал на Европското првенство во борење во Будимпешта. Тој во финалето во категоријата до 57 килограми слободен стил го победи Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6.

Претходно  во четвртфиналето беше подобар од Никлас Штехеле од Германија со 5-4, а во полуфиналето со 10-0 го победи Манвел Хнџрстјан.

Егоров со ова го подобри пласманот од ЕП во Букурешт во 2019 година, кога го освои бронзениот медал, но не успеа да се квалификува за ланската Олимпијада во Токио.

За потсетување, Ерогов е член на боречкиот клуб „Балканец“ од Штип.

Share
Scroll to Top