Мараја Кери фотографирана на вечера во Аспен, се држеше за рака со 17 години помлад рапер

Мараја Кери фотографирана на вечера во Аспен, се држеше за рака со 17 години помлад рапер

пред 1 ден

Пејачката Мараја Кери (55) отпатува за Аспен. Таму папараците ја снимија во друштво на Андерсон Паак (38), рапер и музички продуцент.

Мараја и Андерсон се држеа за рака додека влегуваа во ресторанот, а раперот и ја отвори вратата на пејачката.

Иако се држеа за раце додека одеа на вечера и двајцата се сингл, а луѓето кои беа таму за ТМЗ велат дека Мараја и Андерсон го напуштиле ресторанот одделно.

Медиумски извори велат дека пејачката и раперот не се во врска, туку заедно работат на нови песни.

На пауза од работа отишле на вечера. Раперот на социјалните мрежи објави видео од Мараја во студиото, а тоа видео стана вирално на TikTok.

Share
Scroll to Top